Димитров и Коѕијас на средба до крајот на април, датумот не е утврден
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција потврди дека до крајот на месецот ќе има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Но, тој истакна дека датумот за средбата се уште не е утврден.
„Се уште сме големи оптимисти, како што најавија и премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, бараме и очекуваме да најдеме решение што ќе биде достоинствено за сите граѓани“, изјави Бошњаковски.
Грчки медиуми претходно јавија дека средбата меѓу министрите Димитров и Коѕијас со медијаторот на ОН, Метју Нимиц ќе се случи на 25 април во
Виена.