Подморницата „Северодвинск“ лансираше ракета „Калибар“ во Баренцовото море
Министерството за одбрана на Русија објави видео запис од успешното лансирање на крстосувачка ракета „Калибар“ од нуклеарната подморница „Северодвинск“ во Баренцовото море.
Лансирањето беше извршено врз цел на полигонот Чижа во Архангелската област. Растојанието до целта изнесуваше околу 600 километри, пренесува РИА „Новости“.
Ракетите „Калибар“ првично беа разработувани за вооружување на повеќенаменските нуклеарни подморници од Проектот 885 „Јасен“. Потоа тие станаа дел од вооружувањето на подморниците од Проектот 636 и површинските бродови. Дострелот на „Калибрите“ изнесува околу 2500 километри.