Украина поднесе тужба против Русија во СТО
Киев поднесе тужба против Русија во Светската трговска организација поради ограничувањето, поднесено пред повеќе од година, на транзитот преку територијата на Русија за трети земји, соопшти Министерството за економски развој на Украина.
Киевски суд нареди да се претресе Путин
Киев прецизира дека на 9 февруари Украина испратила во СТО барање за формирање експертска група во рамките на случајот за ограничување на транзитот од територијата на Украина преку територијата на Русија за Казахстан и Киргизија, пренесува „Взгљад“.
Од 1 јануари минатата година Москва воведе за Украина царински давачки и производствено ембарго како спрема државите кои ги поддржуваат антируските санкции.