Во Русија зголемен бројот на стогодишници
Според докторот на историски науки, професор на Московскиот државен универзитет (МГУ) Андреј Коротаев, зголемувањето на бројот на стогодишници е сосема природно. „Тоа е поврзано првенствено со развојот на медицината. Очигледно е дека технологиите во последниве години направија голем исчекор. Постигнати се сериозни успеси во намалувањето на смртноста од кардиоваскуларни болести“, објасни тој. Според професорот, руските научници создаваат сѐ поефикасни лекови за борба против онколошките заболување, што е од особено значење за постарите лица.